ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
“Aди Студио” ДОО во целост се определува да ја спроведува Политиката за квалитет, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, водејќи сметка за контекстот на организацијата, како и стратешкиот правец на истата, почитувајќи ги при тоа основните принципи:
-
Креирање деловен систем за квалитет насочен кон заинтересираните страни со цел зголемување на нивната доверба
-
Прилагодување и ориентирање на пазарот со цел зголемено учество на истиот
-
Доставување на квалитетен производ/услуга до ценетиот клиент, со што ќе се зголеми и подобри имиџот на организацијата
-
Создавање на коректни односи со добавувачите на производи и надворешни услуги во однос на исполнувања на барањата на “Ади Студио” заради квалитетно добавување на производи и услуги како и заштита и унапредување на работната и животната средина
-
Идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа и клиенти, смалување на добивка, загадување на животна средина и се она што неповолно влијае на целата заедница
-
Овластување на сите вработени да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности и компетентност
-
Исполнување на потребите на вработените
-
Исполнување на законската легислатива водејќи грижа за здравјето и безбедноста на вработените и заштита на животната средина
“Ади Студио” ДОО И ВО ИДНИНА СЕ ОБВРЗУВА:
-
Континуирано да го одржува и подобрува системот за управување со квалитет, со што ги исполнува барањата од стандардот ISO 9001:2015, воедно и ги задоволува барањата на заинтересираните страни во целина
-
Перманентно да го спроведува стручното оспособување за квалитетот на вработените од сите нивоа
-
Да води грижа за подобрување на условите за работа, опремата, знаењето и безбедноста на вработените од сите нивоа како и заштита на животната средина
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на вашите потреби како поединец и истовремено да ја заштитиме Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработкаа на личните податоци на Република Македонија.
Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката на приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи дека ја прифаќате нашата Политика на приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика на приватност, Ве молиме да не го користите веб-сајтот.
Не прифаќаме каква било одговорност за штетите што настанале при склучување договор, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење или неможност за користење на нашата страница или поради одлука која била донесена како резултат на посета на страницата. Со исклучок на материјалите кои се од правен карактер останатите материјали претставуваат наши гледишта и ставови – тие не се правен или стручен совет.
Нашата Политика за приватност може повремено да се менува, без претходно известување. Вашето користење на сајтот подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност.
КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Ние прибираме информации за Вас кога се регистрирате на нашата веб страна, кога правите нарачка/купувате. Кога нарачувате или се регистрирате на нашиот веб сајт, можно е да побараме од Вас, да ги внесете следните информации: име и презиме, е-маил адреса, адреса, телефонски број како и број на платежна картичка, датум на истекување. Вие можете, исто така, да го посетувате нашиот веб сајт анонимно.
adistudio.mk има пристап до основните податоци како име и презиме, телефон, адреса, е-маил, но нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Вашата интернет трансакција ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од кредитни картички на wix.com. Порталот користи најнова технологија за заштита на вашите податоци со HTTPS / TLS енкрипција и највисоко ниво на безбедност (PCI DSS Level 1) кој овозможува бројот на вашата картичка да се испраќа директно до банката преку сигурна конекција.
Исто така, нашите сервери може автоматски да прибираат информации за Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, и Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Вашата IP адреса обично има врска со местото од кое се поврзувате на интернет, како на пр. Вашиот интернет провајдер, Вашата компанија или универзитет.
ПРИНЦИПИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате или внесувате, поднесувате или пристапувате кон вашите лични податоци. Ние користиме сигурносен сервер. Сите податоци за платежната картичка се трансмитираат преку Transport Layer Security (TLS) технологија и потоа се енкриптираат во базата на податоци. Пристап кон овие податоци имаа исклучиво авторизирани лица со специјални пристапни права кон системите и се обврзани да ја чуваат тајноста на податоците. Веб сајтот има HTTPS / TLS(Transport Layer Security) енкрипција и нависоко ниво на заштита (PCI DSS Level 1).
Оваа политиката за испорака се однесува исклучиво само за производи кои се нарачани преку онлајн продавницата www.adistudio.mk
Вашите податоци не се споделуваат со трети лица.
МЕТОДИ НА ПЛАЌАЊЕ
ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ:
Кредитни/Дебитни картички