ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ

Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.


Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот. Целиот процес на враќање или заменување не се заврши во период од 7 дена исто така Потрошувачот го губи правото на рекламација.

Потрошувачот има период од 7 денови во кој може да го раскине договорот без образложение на причината и единствениот трошок кој се плаќа од купувачот е директниот трошок за враќање на производот. Во ваков случај на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.


• Доколку потрошувачот треба да не контактира тоа може да го направи на еден од следните начини:

 

Е-мејл: info@adistudio.mk

Телефон:  078/455 461

или преку нашата веб страна

 

1. Доколку Потрошувачот ја откаже својата нарачка по добивањето на известувањето за потврда на нарачката, а пред да се изврши достава на нарачаните производи, на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.
 

2. Во случај на неиспорака на потврдена и платена нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна/нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), се обврзуваме да ги вратиме средства во рок од максимум 30 дена, од денот на утврдување на неможноста за испорака, намален за износот на банкарската провизија, а доколку бил направен обид за достава намален и за трошоците за доставата.
 

3. Доколку Потрошувачот направи нарачка телефонски преку нашиот контакт центар или на некоја социјална мрежа исто така автоматски ги прифаќа правилата на користење/враќање кои се наведени на нашиот веб сајт (процедура за враќање).
 

Adi Studio го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуалните промени.


ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

ИСПОРАКА И ДОСТАВА

Испораката и доставата на производите е бесплатна и е ограничена само на територијата на Р. Македонија.
 

Испораката ја вршиме од нашите магацини во Велес со сопствени доставувачи. По одобрување на нарачката, преку е-пошта ве известуваме за статусот на Вашата нарачка.
Добивате 2 известувања на е-пошта : Потврда дека Вашата нарачка е примена, 2. Потврда дека производот е испорачан на Вашата адреса.

 

Вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од максимум 12 работни дена од моментот на примање на првата потврда (дека Вашата порачка е примена од страна на https://adistudio.mk).